Она што го ветуваа пред натпреварот играчите на „Осогово“ го остварија на теренот. Денес на големиот Македонски празник 11 Октомври, во рамките на 8-то коло од Втора Фудбалска Лига „Осогово“ како домаќин ја совлада високо пласираната „Беласица“ со 3:1 (1:0).
Жетварите денес одиграа мошне добар натпревар, поведоа во раната фаза а потоа со борбена и тактички добро поставена игра ја чекаа својата нова шанса за погодок.
Домаќините резултатот го отворија во 16’ по оправдано досудениот пенал. Ударот го изведе Владимир Жоглев кој биеше мошне мудро полу високо лево, голманот на гостите Ѓорги Трајков ја погоди страната но не го одбрани ударот бидејќи тој беше мошне прецизно упатен.
Домаќините водството го зголемија во 72’ со вториот гол на Владимир Жоглев. По една нафрлен топка од десната страна гостинскиот голман лошо интервенираше топката беше вратена пред празниот гол а на неа натрча центарфорот на домаќините и со глава биеше за 2:0.
Се играше 76’ кога гостите го намалија водството на „жетварите“. По изведениот корнер од десната страна во една мешаница пред домашниот гол гостите бараа пенал а мошне добриот и авторитетен судија Стојанче Трпчевски без размислување покажа на белата точка. Сигурен изведувач на пеналот за гостите беше Александар Милушев кој голманот Ѓорѓи Јованоски го испрати на едната страна а топката на другата.
И кога се обидува струмичани да дојдат до втор погодок, по изведениот корнер од десната страна пред домашниот шеснаесетник топката дојде до Марио Симоси кој во стил на голем фудбалски мајстор сам тргна гол голот на “Беласица“ следен од двајца гостински играчи, но играчот на домаќините иако беше во полн спринт со топката добри седумдесетина метри успеа од работ на шеснаесетникот по трет пат да донесе радост за неговите соиграчи но и делириум од воодушевување на трибините.
Со втората последователна победа „Осогово“ влезе во помирни води во продолжение на првенството.
Резултати од 8-то коло:
Осогово – Беласица 3:1
Тетекс – Шкендија (А) 1:2
Победа – Слога 3:0
Кожуф – Детонит Плачковица 0:0
Вардар (Н) – Големо Коњари 4:0
Брегалница – Скопје 2:0
Новаци – Охрид 0:1
Каменица Саса – Преспа 3:0
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ