ГОЛМАНОТ НА „ОСОГОВО“ БЛАГОЈЧЕ ИВАНОВ ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА ЕПИЗОДА ВО КОЧАНИ

Во Спорт
јануари 1, 2022
0 минути

Еден од неколкумината најдобри играчи на „Осогово“ во есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига – Исток, Благојче Иванов реши да ја прекине својата епизода во Кочани.

Во изминатите 15 кола во натпреварите од Втора Фудбалска Лига – Исток Иванов покажа дека се работи за голман пред кого е голема кариера. На повеќето натпревари бранеше феноменално и на кочанскиот второлигаш му донесе значајни бодови.

Благојче Иванов пред да дојде во „Осогово“ го бранеше голот и на „Каменица Саса“ каде со одличните одбрани го привлече вниманието на Македонската фудбалска јавност. Токму тие негови одбрани во „градот на рударите“ беа најдобрата препорака да дојде во Кочани.

Како што ни изјави во првиот ден од Новата година Иванов својата кариера ќе ја продолжи во екипата на „Беса“ која се натпреварува во Втора Фудбалска Лига – Запад каде друштво ќе му прави неговиот брат инаку шпиц играч Димитар Иванов.

С. Ивановски