ПИСМО ОД ЧИТАТЕЛ: ЌЕ ИМА ЛИ ТРАНСФЕР БОМБИ КАЈ НОВИТЕ СОВЕТНИЦИ?

октомври 29, 2025
1 минути

Во рок од дваесетина дена наш читател повторно ни испрати писмо кое овој пат ќе му биде објавено од причина што познати се веќе имињата на советниците за во Советот на Општина Кочани 2025-2029 година.

Писмото го пренесуваме во целост.

„Се надевам дека овој пат ќе го објавите моето писание од причина што нема што да се крие, познати се имињата на новите советници за во Советот на Општина Кочани. Првиот пат не сакавте да ја објавите мојата анализа која кога се во прашање советниците речиси во целост ја бев предвидел како и кои двајца ќе влезат во вториот круг за градоначалник на Кочани. Ми одговоривте дека не сакате никого да фаворизирате ниту спречувате пред гласањето што го почитувам. Но да не должам. Познати се имињата на сите 19 советника но според имињата и застапеноста тешко некој да направи мнозинство. Тешко но и не е тешко Засега на едната страна се 9 а на другата 10 што не значи дека така ќе остане од причина што луѓето за личен интерес се спремни на се. Мислам дека така и ќе биде и веќе на првата седница на новиот состав ќе се знае кој ќе го има мнозинството.

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата добија 8 советника и тоа е стабилно ткиво. Коалициониот партнер од владата ЗНАМ е нивниот деветти ас, па сега десеттиот или и повеќето од десет ќе се бараат од независните листи или од СДСМ. Листата на носителката Благица Сабовљевиќ Стоименова има 4 советници и тие ми стојат како сигурни и дека ќе останат на она што го ветија пред изборите, цврста опозиција, што не би се рекло и за Независната листа „Сакам живот во Кочани“. Носителот Влатко Здравков сега засега ми изгледа  цврст во своите ставови но не и втората од неговата листа. Истото го мислам и за Аки Акиов кој како што дознавам во некои претходни состави на советот знаел да направи салто, од еден да премине кај друг. Некогашниот надежен сдсмовец Суад Мехмед  сега од ЗНАМ кој благодарение на луѓе од бизнис елитата се најде во советот ќе знае како да се испазари, затоа и реков дека тој е деветтиот со оние од ВМРО ДПМНЕ. Како и да се направи, кој и да направи мнозинство мислам дека овој совет ќе биде сличен на претходниот бидејќи повеќето се најдоа на листите од личен а не од партиски интерес со цел за да заработат нешто а колку ќе дискутираат времето ќе покаже. Но да се стрпиме до недела да се заврши изборот за градоначалник па потоа ќе анализираме поединечно со име и презиме,  што и како“.

Благодарам овој патна отстапениот простор“

Со почит, ваш читател

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ