ПРЕКРШОК, ВОЗЕЛ СО ДВОЈНО ПОГОЛЕМА БРЗИНА ОД ПРОПИШАНАТА

ноември 10, 2025
1 минути

На 09.11.2025 околу 15:39 часот на магистрален пат Штип – Кочани, кај с.Крупиште, општина Карбинци, при преземање мерки во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Штип

констатирале дека М.Н.(18) од Кочани управувал патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 110 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 50 километри на час.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”

Соопштение од СВР Штип.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ