ТЕЖОК ДЕН ЗА ТППЕ КОЧАНИ, ИНТЕРВЕНЦИИ НА СИТЕ СТРАНИ

јули 15, 2024
0 минути

Тежок ден поминаа пожарникарите од територијалната Противпожарна Единица – Кочани. Интервенирано е на повеќе локации поточно секаде каде што биле повикани, а како поминале само тие си знаат.

Првата дојава била во 01:33 часот а повикот бил за гаснење на пожар кој заземал се поголем замав во атарот на Оризари. Горела сува трева и лозје. Интервенирано е со 2 возила и 4 пожарникари кои во 03:20 часот го изгаснале пожарот.

Следниот повик бил на пладне кога добиле најава за запалено дрво (Бор) во близина на „Градската капела“.Пожарот избувнал по допирот на жици од електросистемот со дрвото. Интервенирано е со 1 возило и два пожарникари. По час и половина огинот е изгаснат.

На повик на директорот на Комуналното претпријатие од Општина Зрновци однесена е една цистерна вода за пиење на добиток во село Видовиште. Причината за немање вода е пресушувањето на реката.

Попладнето добиена е дојава за паднато дрво кај Општа болница со проширена дејност, поточно кај автопералната. Интервенирано е со едно возило и двајца пожарникари. Дрвото е отстрането.

Со дно возило и двајца пожарникари интервенирано е и во селото Бели поради запалена копа на слама во близина на гробиштата.. По еден час пожарот е локализиран

Интервенирано е и на запален угостителски објект во Градскиот Трговски центар. Со две возила и тројца пожарникари пожарот е елиминирам.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ