На 12.11.2025 година во 18 часот во малата сала во НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани по 9-ти пат ќе се одржи Манифестацијата „ ЉУБОВ ЗА СИТЕ“, во чест и спомен на на ликовната уметничка Андријана Мациев. На Манифестацијата ќе бидат изложени нејзини дела од 3 циклуси:
– „Живот во бои“;
– „Женски Приказни“ и
– „Шарени вибрации – Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се“.
На манифестацијата централно место ќе има промоцијата на автобиографското дело „ ЈАС СУМ ЖИВА“ на Андријана Мациев и нејзината мајка Јулија Мациевска како коавтор. Книгата е разголување на сопствената душа до болка и живо сведоштво за животот на земјата и и животот од другата димензија после ПРЕМИНОТ:
Јулија Мациевска:
„Повелете дојдете и заедно да ги споделиме болката и тагата за нашите чеда кои заминаа во Вечноста и да ја разбереме радосната вест дека тие се ЖИВИ АНГЕЛИ“.
Однапред Ви благодариме за присуството.
НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
