БЕТОНИРАНИ ПРИСТАПНИ ПАТЕКИ ВО КОЧАНИ И ОРИЗАРИ

ноември 18, 2025
0 минути

Во рамките на активностите од Програмата за уредување на градежното земјиште  за тековната година, деновиве се бетонирани пристапни патеки во Кочани и во Оризари.

Бетонирана е пристапна патека меѓу улиците „1 Мај“ и „Бел камен“ во Кочани и пристапна патека во месноста Селиште, меѓу улиците „Новопроектирана 10“ и „Осоговска“ во  Оризари.

Изведувачот „Стоименов“ ја бетонираше и пристапната патека меѓу ул. „Гоце Делчев“ и ул. „Кирил и Методиј“ во месноста Витоша во Оризари.

Вкупната должина на бетонираните пристапни патеки е околу 200 м. Иако станува збор за кратки краци, тие претставуваат значаен сегмент за подобрувањето на квалитетот на живеењето на нивните жители.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ