ЦЕНИТЕ ЗА УСЛУГИ НА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ ЌЕ СЕ УСОГЛАСУВААТ СОГЛАСНО ПРОЦЕНТОТ НА ИНФЛАЦИЈА ВО ЗЕМЈАТА

ноември 8, 2022
1 минути

Сметководителите со соопштение дека цените за услугите ќе се усогласуваат во согласност со процентот на инфлацијата во земјата.

Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата.
Инфлацијата продолжила да расте во земјава и во текот на октомври 2022 година достигнувајќи 19,8 отсто, согласно Државниот завод за статистика.

Најголем придонес за растот на домашната инфлација има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија, коишто се под влијание на случувањата на глобалниот пазар на енергија. Но, нивниот подолготраен и посилен раст создава преносни ефекти и врз цените на останатите производи и услуги и дополнително ги подгрева инфлациските очекувања.

Цените за сметководствени услуги ќе претрпат промени во зависност од процентот на инфлација, а не како резултат на зголемениот обем на работа во фирмите..

Здружение на сметководители -Кочани