Одложеното 13-то коло во Втора Фудбалска Лига поради обврските на репрезентациите закажано е за утре (Петок) со почеток во 13:00. „Осогово“ е домаќин на незгодниот „Вардар“ од Неготино кој во изминатите две првенства има забележано три победи а на само еден натпревар „жетварите“ се изборија за бод.
Според табелата кочанчани се фаворити на хартија но тоа мора да го потврдат и на самиот терен бидејќи „жолто-сините“ знаеле кога е најлесно да кикснат, а токму екипата на „Вардар“ е состав кој може да изненади секого.
Двојки за 13-тото коло:
Осогово – Вардар (Н)
Скопје – Тетекс
Големо Коњари – Охрид
Детонит Плачковица – Преспа
Слога 1934 – Каменица Саса
Беласица – Новаци
Шкендија (А) – Брегалница
Победа – Кожуф
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
