ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ ГОСТУВА ВО ДЕЛЧЕВО

Во Спорт
април 28, 2023
1 минути

Во Сабота и Недела се играат натпреварите од 20-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ кое на три кола до крајот на првенството го обезбеди првото место во Сабота гостува во Делчево. Кочанчани ги зафати „жолтица“ и „црвенило“ па Шефот на стручниот штаб Ефтим Аксентиев десеткуваниот состав ќе мора да го потполнува со играчи од младинскиот погон.

Во Сабота се игра и натпреварот во Пробиштип каде екипата на „Рудар“ која не отпатува минатото коло во Богданци ја пречекува екипата на „Тиверија“.

Преостанатите три натпревари се играат во Недела.

Во Карбинци гостуваат Богданчани а во Градско Балдовце „рибарите“ од Дојран.

Во Чешиново гостува екипата на „Малеш“.

Сите натпревари започнуваат во 17:00 часот.

Двојки за 20-тото коло:

„Брегалница – сениори“ – „Осогово“

„Рудар“ – „Тиверија“

„Карбинци“ – „Вардарски“

„Спартмани“ – „Дојранско Езеро“

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Малеш.

Во ова коло слободна е екипата на „Овче Поле“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ