Неполна седмица по објавата на нашиот портал од незадоволни граѓани дека канделабрите во централното градско подрачје на двата кеја од Кочанска река тонат во мрак, стигна реакцијата нажжод вработените од Општина Кочани задолжени за осветлувањето во градот.


Нивната брзата и ефикасна реакција беше причината од синоќа површините покрај реката кои беа во мрак сега да блескаат.

Убаво е кога секоја добронамерна објава од граѓаните ќе биде сериозно сфатена и дека колку што дозволуваат можностите ќе се реагира. Овој пат навистина потегот на екипата од Општина Кочани задолжена за осветлувањето на градот е за поздравување.
С. Ивановски


КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
