На 29 мај 2024 година, со почеток во 12 ч., во салата во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 46. редовна седница.
На предлог-дневниот ред се наоѓаат следниве точки:
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот Плански Регион за 2023 година
- Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот Плански Регион за 2023 година
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани, од 01.01.2023 година до 31.12.2023 година
- Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 31.03.2024 година, со финансиски показатели.
- Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за тековно одржување на јавно осветлување и Програмата за изградба на јавно осветлување во општина Кочани за 2023 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2023 година
- Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог-мерки за нивно разрешување
- Извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2023 година
- Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за комуникација на Општина Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2023 година
- Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на Советот на Општина Виница за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Виница и Општина Кочани
- Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Виница
- Предлог-одлука за техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП Б90.7, (КП 11464/1 КО Кочани) од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (Донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
- Предлог-одлука за техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП В38.27, (КП 16076/6 КО Кочани) од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (Донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ