ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ЗАМЕНИК МИНИСТЕР ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА М-Р СТЕФАН АНДОНОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА КОЧАНИ

февруари 29, 2024
1 минути

М-р Стефан Андоновски, Дополнителен заменик Министер за информатичко  општество и администрација престојуваше денес во работна посета на Кочани. По ток повод пред зградата на Локалната самоуправа – Кочани оствари средба со општинските медиуми на која истакна дел од заложбите на министерството а е во програмата на ВМРО ДПМНЕ на престојаните Парламентарни избори.

Како што истакна Андоновски за нив многу важни се два мошне важни аспекти при градењето на достоинствена, ефикасна јавна администрација која ќе ги ужива сите права на работењето, но и ќе нуди услуги на граѓаните кои нема да се базираат на корупција, непотизам и клиентелизам. Исто така Андоновски истакна дека вториот аспект е процесот на дигитализација, кој би придонесел за поголема ефикасност при работењето и би бил висински лек за корупцијата.

Ја посочи Општина Кочани дека располага со одлични идеи и концепти за развивањето на процесот на дигитализација во општините.

Не заборави да ја спомне и злоупотребата на државните и на службените возила. Како што рече во Програмата на ВМРО ДПМНЕ е предвидено воведување на специјални регистарски ознаки за тој вид на возила со што би се спречила злоупотребата на истите за приватни и партиски цели.

На средбата Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов најпрвин се заблагодари на посетата од страна на дополнителниот заменик министер и искажа надеж дека идеите и размислувањата на локалната самоуправа за подобра администрација ќе добијат поддршка од страна на ресорното министерство.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ