КМФ „ФУДБАЛ СТАРС – АУТО ВЕЛТ“ ЈА ПОСАКУВА И ТРЕТАТА ПОБЕДА

Во Спорт
ноември 21, 2025
1 минути

Во рамките на 5-тото коло од годинешното првенство во Втора Футсал Лига КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“ од Кочани во салата на ОУ „Никола Карев“ ја пречекува екипата на КМФ „Кратово“ – Кратово.

Натпреварот започнува во 17:00 часот а домаќините ја посакуваат и третата победа во ова првенство.

Во досега одиграните четири кола „Фудбал Старс – Ауто Велт“ има забележано две победи и еден пораз а едно коло беше слободен.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ