ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ОСОГОВО“ ЕСЕНСКИ ШАМПИОН

Во Спорт
ноември 20, 2022
1 минути

Со одигрувањето на натпреварите од 11-тото  коло, се спушти завесата на есенскиот дел од сезоната 2022/2023 во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Со нерешениот резултат во Струмица „Осогово“ со шест бодови предност ќе го чека стартот на пролетната сезона. Кочанчани денес на гостувањето кај секогаш добрата и инспирирана екипа на „Тиверија“ одигра без голови а по поразот на „Овче Поле“ во Дојран, „жетварите“ на главните конкуренти им избегаа по шест бодови.

Брегалница од Делчево и трет натпревар едноподруго загуби што е чудно за еден таков состав кој во Кочани одигра содржаен и квалитетен натпревар. „Рударите“ од Пробиштип се загубија во коријата на Малешевијата а „Спартмани“ со тешки маки ги совлада „академците“.

Резултати од 11-тото коло:

„Тиверија“ – „Осогово“  0:0

„Вардарски“ – „Брегалница“ (Д)  1:0

„Победа“ (В) – „Карбинци“  1:1

„Малеш“ – „Рудар“5:1

„Дојранско Езеро“ – „Овче Поле“  4:2

„Спартмани“ – „Академија Чешиново-Облешево“  2:1

 

С. Ивановски