КОЧАНЧАНИ ЗАГУБЕНИТЕ БОДОВИ ЌЕ ГИ БАРААТ ВО СТРУМИЦА

Во Спорт
октомври 25, 2024
1 минути

Утре (Сабота) со почеток во 13:00 часот се играат натпреварите од 9-тото коло  во Втора Фудбалска Лига.

На пшрограмата се неколку интересни натпревари, но сепак вниманието на љубителите на фудбалот во Кочани  а посебно на навивачите на „Осогово“ е свртено кон Струмица каде Кочанчани и гостуваат на „беласица“.

„Осогово“ во изминатите кола на петте средби како домаќин загуби 11 бода и сега дел од нив а ако им се пружи шанса и сите ќе ги бара во Струмица. Саботниот резултат од претходното коло  внесе доста немир во редовите на „жолто-сините“, но тоа е фудбалот и мора да се гледа напред, она што било треба што побргу да се заборави.

Двојки од 9-тото коло:

Беласица – Осогово

Брегалница – Вардар (Н)

Борец – Детонит Плачковица

Македонија ГП – Кожуф

Аресими – Скопје

Охрид – Вардарски

Башкими – Каменица Саса

Победа – Новаци

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ