НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани по повод патрониот празник 25- ти ноември, денот кога е отпечатено првото издание на култната стихозбирка на Кочо Рацин „ Бели мугри“, организира промоција на книгата: „ ЅВЕЗДИТЕ СВЕТАТ БЕСКОНЕЧНО“ во издание на книжевниот кружок „ Васил Иљоски“ од Крушево. Збирката книжевни творби беше промовирана во Меморијалниот центар „ Тоше Проевски“ во Крушево пред два месеци. Книгата е збирка од книжевни творби создадени од повеќе автори од Македонија и надвор од неа во спомен на КОЧАНСКИТЕ АНГЕЛИ.
Настанот е закажан за во вторник, 25.11.2025 година, во 18 часот во малата сала на Центарот за култура.
Ги покануваме граѓаните и семејствата на КОЧАНСКИТЕ АНГЕЛИ, заедно со нас и со дел од авторите, да споделиме емоции преточени во зборови во спомен на нашите АНГЕЛИ.

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
