Сојузот на Лајонс клубовите во Македонија – Д132 од Скопје денес на општа Болница со проширена дејност – Кочани и подарија најсовремен електрохируршки генератор од јапонскиот производител „Олимпус“.
Овој уред овозможува прецизно и контролирано сечење и коагулација, што на медицинскиот тим му дава стабилна и безбедна енергија при различни хируршки интервенции. Генераторот се користи во секоја гранка на хирургијата – од општа хирургија, урологија и гинекологија до реконструктивни и специјализирани интервенции. Исто така, значително помага во третманот на пациенти со изгореници – овозможува прецизно отстранување на оштетеното ткиво, намалување на крварењето и создавање чиста површина подготвена за кожни трансплантации со пократко време на интервенција и минимална траума на здравото ткиво.

„Донацијата е од срце, од нашите 30 клубови со околу 700 членови. Ние сме сите волонтери, обични граќаникои сакаат да дадат онолку колку што можатод себе за доброто на нашите сограѓани. Имавме исклучителна помош од нашите лајонс пријатели од од Словенија, Хрватска и далечната Австралија и од компанијата „некст медикал“. Сигурна сум дека овој апарат ќе ви овозможи уште подобро да ги искористите вашите веќе докажани високи стручни перформанси и во третманот на пациентите во Кочани и во регионот“ рече Маја Костова, гувернер на Лајонс клубовите во Македонија Д132.
Од името на Општа Болница со проширена дејност – Кочани голема благодарност за донацијата упати директорката на општа болница со проширена дејност – Кочани Катерина Паниќ Мирчовска.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
