ПОЖАР ВО КОЧАНИ, ПОРАДИ ВДИШУВАЊЕ НА ЧАД ДВЕ ЛИЦА ПРЕНЕСЕНИ НА КОМПЛЕКС КЛИНИКИ „МАЈКА ТЕРЕЗЕ“

ноември 28, 2025
1 минути

На 27.11.2025 во 12:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Кочани настанал пожар во куќа,сопственост на А.М.(50) од Кочани. При гасењето на огнот, 43-годишната О.С. вдишала чад и се

здобила со изгореница на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка вдишала чад, по што двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Извршен е увид.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ