ПРИВЕДЕН КОЧАНЧАНЕЦ ОД ТЕТОВСКАТА ПОЛИЦИЈА

јули 21, 2022
0 минути

На 20.07.2022 во 22.11 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициските службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Н.Ј.(28) од Кочани, затоа што кај него бил пронајден нож.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, по што ќе следи и соодветен поднесок.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР