Откажаниот па повторно закажаниот натпревар од 15-тото последно есенско коло „Осогово“ – „Новаци“ се покажа како психички тежок за играчите од двете страни кои во финишот од есенскиот дел на првенството покажаа доста добра форма.

Денес по сончево време и двете екипи иако не постигнаа погодок сепак задоволни заминаа на зимската пауза. Осогово со 24 освоени бода 3 помалку од Новаци го забележа најдобриот бодовен резултат во една есенска сезона.

Иако гледачите очекуваа повеќе сепак мора да се сфатат и играчите кои минатата сабота добија слободни денови за да сега мораа да одиграат натпревар.

Што да се каже за самата игра, во главно се играше помеѓу двата шеснаесетника без ниту една посериозна шанса за погодок освен онаа во 80’ кога Голубов убаво се проби во гостинскиот шеснаесетник но не успеа да ја затресе мрежата на противникот.

Дека играчите го дадоа својот максимум иако немаше погодоци сведочат аплаузите на отворена сцена кога играчите заминуваа во соблекувалните.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
