ШЕСТ ОД ШЕСТ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ДОЈРАН

Во Спорт
ноември 26, 2023
1 минути

Во организација на Карате Клуб „Дојран“ а со поддршка на Карате Федерацијата на Македонија во Дојран се одржа Меѓународен карате турнир „5 Ноември“.  На турнирот освен каратисти од Македонските клубови учествуваа и натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Бугарија и Грција.

Каратистите на Карате клуб  „Кочани“ учествуваа со шест натпреварувачи кои освоија шест медали од кои: 4 сребрени и 2 бронзени.

Сребрените медали ги освоија:

Лука Златков (2012-2013) – категорија до 45 килограми,

Лука Ѓорѓиев (кадети) – категорија до 52 килограми,

Наталија Карова (јуниори) – категорија до 48 килограми,

Иван Арсов (јуниори) – категорија +76 килограми,

Освојувачи на бронзените медали се:

Илина Костадинова (2012-2013) – категорија 36 килограми и

Илија Охомуш (јуниори) – категорија до 67 килограми.

Годинешниот турнир се одржа три седмици подоцна поради одржувањето на „Државниот шампионат во карате за кадети, јуниори и помлади сениори У-21“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ