ПОВИК ДО СТУДЕНТИТЕ ШТО СЕ ПРИЈАВИЛЕ НА КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ РАСПИШАН ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

декември 12, 2025
1 минути

Општина Кочани ги повикува студентите што се пријавиле на Конкурсот за стипендии распишан од Општина Кочани, а кои добиле државна или друг вид стипендија, писмено да ја известат Комисијата за доделување стипендии при Општина Кочани со изјава дека се откажуваат од конкурирањето за општинската стипендија.

Според Правилникот за доделување стипендии од Општина Кочани, студентите не треба  да се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании.

Известувањето да го достават до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или на е-адресата: [email protected], најдоцна до 17 декември 2025 г., до 15:30 ч.

Дополнителни информации на телефон: 072 275 610.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ