Се известуваат сите граѓани на Општина Кочани дека в понеделник, 28.11.2022 година во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи настан Отчет на Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов по повод една година од мандатот на Градоначалникот.
Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настанот.
Општина Кочани