Членовите на ДПД Кочани, самоиницијативно и по повод новогодишните и божиќните празници, нашето мало пожарникарско возче го претворија во новогодишно вовче, а празничната магија ја надополни и Дедо Мраз, кој заедно со нас ги поздравуваше и израдува најмалите.

Денес ги возевме дечињата покрај кочанската река, а нивните насмевки, радосни погледи и возбудени извици, како и задоволните лица на родителите и повозрасните, беа најдобар показател дека нашата цел е целосно постигната

Денешното возење беше бесплатно, а во текот на наредните денови ќе биде поставена кутија за донации, каде што родителите и граѓаните ќе можат по сопствена желба да донираат.

Собраните средства ќе бидат наменети за набавка на ново противпожарно возило, со кое уште поефикасно ќе можеме да им служиме на граѓаните на Кочани.
Ви благодариме на поддршката и ви посакуваме среќни и весели празници!

ДПД Кочани
