СТАПУВА НА СИЛА НОВИОТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА КОЧАНИ

декември 16, 2025
0 минути

Од утре, среда, 17 декември 2025 година, со почеток во 9 ч. ќе започне најавената измена на сообраќајниот режим од кружниот тек кај Полициската станица во Кочани, на дел од улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“ и „Маршал Тито“ до кружниот тек кај Двојниот мост.

Изменетиот режим ќе се имплементира со поддршка од полициски службеници на Одделението за безбедност во сообраќајот на патиштата – Кочани, Општина Кочани, ТППЕ и ДПД Кочани.

Со пренасочување на сообраќајот продолжува поставувањето на хоризонтална и вертикална сигнализација.
Апел до сите граѓани: да не паркираат возила на улиците од двете страни на реката и да ги почитуваат службените лица, сообраќајните правила, прописи и сигнализација.

општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ