ПАТОТ КОН БРАНАТА ГРАТЧЕ ИСЧИСТЕН ОД ОБРАСНАТАТА ВЕГЕТАЦИЈА

јули 3, 2026
0 минути

Заврши акцијата за расчистување на обраснатата вегетација долж патниот правец кон браната Гратче.

Со механизација беше отстранета вегетацијата од двете страни на коловозот, со што е подобрена прегледноста на патот и е зголемена безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

Општина Кочани упатува благодарност до граѓаните за разбирањето и трпението за време на реализацијата на активностите и најавува дека и во наредниот период ќе продолжат мерките за уредување и одржување на локалната патна инфраструктура.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ