Градоначалникот Владко Грозданов, оствари работна средба со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во насока на надминување на последиците од големата трагедија што го погоди Кочани.
Во фокусот на разговорите беа мерките и активностите за институционална поддршка на семејствата на настраданите, како и координираниот пристап на локалната и на централната власт во обезбедувањето помош во овој исклучително чувствителен период.
На средбата беше истакната заедничката заложба за хуман, одговорен и континуиран пристап кон потребите на погодените семејства.
Општина Кочани и надлежните институции ќе продолжат со меѓусебна соработка, со цел обезбедување конкретна и долгорочна поддршка за заедницата, со посебен акцент на солидарноста, грижата и човечноста.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
