СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МПЦ „СВЕТА НЕДЕЛА“ ОД АЈАКС – ОНТАРИО – КАНАДА

јуни 2, 2026
0 минути

Во Општина Кочани градоначалникот Владко Грозданов оствари средба со претставници на Македонската православна црква „Света Недела“ од Ајакс, Онтарио, Канада.

На средбата се разговараше за досегашната соработка, како и за можностите за нејзино понатамошно унапредување преку заеднички активности и иницијативи од интерес за граѓаните и македонската заедница во Канада.

Во таа насока беше потпишан и Меморандум за соработка, со кој двете страни ја потврдија својата заложба за продолжување на успешната комуникација и соработка во областа на културата, хуманитарните активности и негувањето на духовните и традиционалните вредности.

Средбата претставува уште еден чекор кон продлабочување на врските и градење партнерства кои придонесуваат за меѓусебно поврзување и поддршка.

Преземено од Општина Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ