Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов подари новогодишни пакетчиња на 39 работно ангажирани лица преку АВРСМ – Центар за вработување – Кочани и Општина Кочани.

Лицата вршат јавни работи, односно учествуваат во чистење и одржување на јавни површини – улици, паркови и сл., за потребите на Општина Кочани. Сите се невработени, а поголем дел од нив се корисници на социјална помош.

Градоначалникот Грозданов им ги честита новогодишните и божиќните празници на ангажираните лица и им посака мирно и пријатно празнување.

Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
