ЗАПОЧНА АНГАЖИРАЊЕТО НА 20 ЛИЦА ЗА ВРШЕЊЕ ЈАВНИ РАБОТИ ПО МЕРКА 6

август 11, 2022
0 минути

Вчера започна извршувањето на работните активности во склоп на прокетот Јавни работи, мерка 6. Во прокетот се вклучени 20 невработени лица, жители на Општина Кочани, коишто работно ќе бидат ангажирани 4 часа дневно, со времетраење од 22 работни дена.ж

Проектот има за цел вклучување на невработени лица во проекти од инфраструктурата и заштита на животната средина на локално ниво. Истите се распределени на неколку локации во градот и се задолжени за комунално и хортикултурно уредување, дезинфекција со вар на дрворедите покрај улиците и покрај речното корито и слично.

Во моментот се уредува стариот Градски Парк и тротоарските површини во населбата Бејрут, а од утре се планира расчистување на коритото на река Масалница во Оризари, со поддршка од КЈП „Водовод“ Кочани.

Проектот 80% е финансиран од страна на Агенцијата за вработување на Р. С. Македонија, додека делот од 20% е наменет од Буџетот на Општина Кочани.

Опшина  Кочани