СЕ ТРЧАШЕ „ПРАЗНИЧНАТА ТРЧАНКА ВО КОЧАНИ“

јануари 4, 2026
0 минути

По повод Новогодишните и Божиќните празници а во организација на Ненад Василев од Кочани денес во „градот на оризот“ околу 150 учесника ја т5рчаа најавената „Празничната трчанка во Кочани“.

Патеката долга 10 километри учесниците ја започнаа од „Паркот на револуцијата“ па по улиците на Кочани низводно по течението на Кочанска Река трчаа до Брана „Гратче“ од каде повторно назад до целнта која беше од местото каде и се стартуваше.

Ѕрчанката имаше рекрестивен карактер а освен трчање дел од учеснците возеа и велосипеди а некои и ролери што е знак дека секој на свој начин го сфатил настанот.

„Целта на трчанката е со ова празнично движење заедно да ја славиме, силата на заедништвото и слогата, мирот и љубовта во заедницата, радоста од новите почетоци, убавината и значењето на Нова година и Божиќ. Заедништво, сплотеност, слога, мир, здрави навики и празнична радост“, рече организаторот на настанот, Ненад Василев.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ