НА ВЛЕЗ ВО КОЧАНИ НА ЛИЦЕ ОД СКОПЈЕ ПОЛИЦИЈАТА МУ ПРОНАШЛА И ОДЗЕЛА КОКАИН

јануари 22, 2026
0 минути

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Е.Ј. (40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „безобѕирно управување на моторно возило“. На 17.01.2026 на влез во Кочани, полициски службеници запреле патничко возило „форд“, кое пријавениот го управувал и при извршен преглед над него бил пронајден и одземен кокаин а по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на дрога.

Дневни извештај на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ