Стоматолошката ординација Ирис Дент – Кочани, со повеќе од 20 години искуство и континуирана грижа за пациентите, инвестира во најсовремена технологија со цел да понуди уште по квалитетна и побезбедна услуга.
За прв пат во нашиот град и единствено во Ирис Дент, достапен е најновиот 3D/CBCT апарат (компјутеризирана томографија за заби), кој овозможува тродимензионален приказ на вилици и заби, крвни и нервни садови, вилични зглобови и синуси, висока прецизност при планирање на сите хируршки и имплантолошки процедури, 100% сигурност во дијагностика и минимална изложеност на зрачење.

Со оваа технологија, пациентите од Кочани и околината повеќе немаат потреба да патуваат во соседните градови за ваков тип на снимки.
Покрај 3D снимки, Ирис Дент нуди и класични 2D снимки или панорама на заби, сега со значително подобрен квалитет и прецизност на детали, како и мали, поединечни интраорални снимки.
Дополнително од оваа година ординацијата располага и со најсовремен стоматолошки ласер Sirolaser Blue – 2025 год. кој овозможува побезболни, побрзи и попрецизни третмани за поголема удобност за пациентите.

Овој апарат овозможува ласерско и безболно отстранување на френулум на усни и јазик кај деца и возрасни, естетска корекција на ,,gummy smile”, отстранување на мекоткивни патолошки промени, третирање на периимплантити, забрзано заздравување на рани по вадење на заб, третирање на афти и болки во зглобовите.
Со овие инвестиции Ирис Дент продолжува да поставува нови стандарди во стоматолошката заштита во Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
