ОДРЖАНА ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА ИСТОЧНО-ПЛАНСКИОТ РЕГИОН

март 7, 2022
1 min read

Советот за развој на Источен плански регион, денеска ја одржа Третата седница во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани.

На дневниот ред се најдоа следниве точки:

1.Предлог – Одлука за верификација на мандат на член во Советот за развој на Источен плански регион – претставник од здруженијата;

2.Презентација на процесот на изработка на Просторен план во Република Северна Македонија;

3.Информација за начинот на организирање и спроведување на регионални форуми на заедницата за проекти од Грантовата шема МЛС/СДЦ „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – ll фаза“;

4.Информација за начинот на организирање и спроведување на регионални форуми за утврдување на Предлог – листа за финансирање на проекти за развој на планските региони од Програмата 2021/2022;

5.Предлог – Согласност за ангажирање на привремен агентски работник. / Известување за обезбедени финансиски средства;

6.Разно.

Кон денешниот дневен ред на Трета седница во однос на 2-та точка свое излагање имаше заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, додека за 4-тата точка свое обраќање имаше Рамиз Реџепи, директор на Биро за регионален развој.

Центарот за развој на Источен плански регион вклучува 11 општини: Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип.