М-18 КОШАРКАРСКА ЛИГА, ПОБЕДА НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ ЗА ПРВО МЕСТО НА ТАБЕЛАТА

Во Спорт
март 7, 2022
0 минути

Интересен и неизвесен натпревар одиграа кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ и „Струмица“. По доста возбудувања кочанчани славеа 104:92 (26:25; 29:32; 28:13; 21:22) и со освоените бодови се искачија на првото место на табелата.

Во првите две четвртини бевме сведоци на доста изедначен натпревар така да полувремето заврши со два поени предност за кошаркарите од Струмица. Сепак третата четвртина беше решавачка. Во една фуриозна игра играчите на „Баскет Дино Деликатес“ ја решија во своја полза со 15 поени разлика со што фактички и го решија натпреварот. Последната четвртина иако им припадна на гостите сепак „Диновци“ беа тие кои и се израдуваа на оваа мошне значајна победа.

Кошевите за домаќините се дело на: Лазарев 43, Коцев 15, Крстов 11, Томевски 10, Ѕмбов 8, Ефремов, Ивановски и Романов по 5, Василев 2.

С. Ивановски