ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – КОЧАНИ ДОБИ ЕРАЗМУС+ АКРЕДИТАЦИЈА И ПРОДОЛЖУВА СО ИНТЕНЗИВНИ ПРОЕКТИ ЗА МОДЕРНА И БЕЗБЕДНА НАСТАВА

февруари 12, 2026
1 минути

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани во последниот период бележи засилен развоен циклус преку национални и меѓународни активности насочени кон унапредување на наставниот процес и создавање поддржувачка и безбедна училишна средина. Најзначајна новина е добиениот статус на акредитирано училиште за активности и проекти во рамки на програмата Erasmus+, што претставува признание за квалитетот на работата и отвора нови можности за професионален развој и европска соработка.

Паралелно со ова, училиштето реализира и активности во повеќе стратешки области. Во делот на ученичка поддршка и благосостојба, училиштето е вклучено во проектот „Унапредување на менталното здравје“ во соработка со Министерство за образование и наука, како и во проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ во соработка со Детска фондација Песталоци.

 

Во насока на дигитализација и иновации, училиштето спроведува активности од роботика и современи ИКТ-вештини, а активно учествува и во eTwinning, при што има добиено статус eTwinning училиште за учебната 2025/26 година.

Реализирани и тековни Еразмус+ партнерства (КА220)

Во рамки на КА220 стратешки партнерства, училиштето учествуваше во следниве проекти:

  • S4W “Save 4 Waste”(Бугарија, Грција, Северна Македонија)
  • “Virtual Reality versus Climate Changes”(Бугарија, Грција, Северна Македонија, Словенија)
  • “STEAM with Holograms”(Северна Македонија, Бугарија, Грција)
  • “GAME EDU”(Северна Македонија, Бугарија, Грција)

Дополнително, тим од наставници беше вклучен и во проектот “Growing a Healthy Future with Microgreens – Youth Worker Edition”, преку работни посети во училишта во Грција и Романија, со фокус на практично учење, здрави навики и размена на добри практики.

Што носи акредитацијата

Од училиштето посочуваат дека Еразмус+ акредитацијата ќе овозможи континуиран професионален развој на наставниците преку меѓународни обуки и мобилности, поширока примена на современи наставни методи и дигитални алатки, размена на искуства со европски училишта, како и дополнително унапредување на квалитетот на наставата и училишната клима.

На тој начин, училиштето испраќа јасна порака: квалитетот не е еднократен успех, туку континуирана работа. ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани и во наредниот период, како и досега, останува насочено кон долгорочно унапредување на наставата, ученичката поддршка и целокупната училишна клима, со акцент на развојот на секое дете.

Оваа посветеност најконкретно се препознава преку освоените награди и признанија на натпревари во повеќе области, како и преку активната вклученост на учениците во животот на училиштето. Учениците се дел од тимови и секции, учествуваат во проекти и настани, покренуваат ученички иницијативи и се вклучуваат во волонтерски активности, со што училиштето не само што постигнува резултати, туку создава и трајни вредности и навики за активно учество.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ