СОУ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

април 17, 2026
1 минути

Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник.

По повод 106-годишнината од раѓањето и 82-годишнината од смртта на Викентиев,   повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор.

По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици.

Ученик на генерацијата 2022 – 2026 е Матеа Саздова, која воедно е и најуспешна во електротехничката струка. Од машинската струка, за ученик на генерацијата е прогласен Јордан Атанасов, а од сообраќајната струка – Тоше Николовски. Наградите за најуспешните ученици ги обезбеди Фонадацијата Викентиеви.

Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“ Владо Симеонов им врачи награди на учениците членови на тимовите на Макбот пионирс, Up Shift и на Училишниот спортски клуб.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ