На 19 и 20 март 2026 година во Брисел, во рамки на European Economic and Social Committee, се одржа настанот Your Europe, Your Say! 2026, кој обедини млади од цела Европа со цел активно учество во креирање на младински мислења и идеи.

На настанот учествуваше Ведран Солевски, ученик од III-6, како претставник на државата и гимназијата во категоријата на средношколци, придружуван од професорот Александар Михајлов.

Преку дебати и размена на мислења, учесниците работеа на создавање предлози поврзани со актуелни општествени теми.

Ведран активно учествуваше во креирањето на предлог поврзан со дигиталната свест, кој на крајот беше вклучен во финалната резолуција и рангиран како втор приоритет од вкупно 21 различни предлози.


СОУ „Љупчо Сантов“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
