КОГА СУЕТАТА ИМ Е ПОВАЖНА ОД ТРАДИЦИЈАТА

февруари 18, 2026
0 минути

За утре (Четврток) Општина Кочани ја најави манифестацијата „Спортист на годината 2025“ која како и минатата година ќе се одржи во салата на Мултикултурниот Центар во Кочани.

На наша реакција до надлежните во општината зошто полека се руши една традиција која датира од 1969 година а тоа е ваквите манифестации наместо како на концерт во некоја сала, не се повеќе одржуваат во хотелски сали каде спортистите ќе можат да се дружат и преку разговор и со музичка програма го извршат изборот на најдобрите.

Од одговорот бевме запрепастени а тој беше дека така одлучил Општинскиот Фудбалски Сојуз од Кочани на кого и годинава му е доделена организацијата.  Чудно но вистинито, средствата и наградите ќе ги обезбеди општината а сето останато ќе го спроведе ОФС Кочани бидејќи според нив  никој не се јавил да биде организатор.

За што зборуваа не ни е уште јасно, за какво пријавување кога тие никаде не излегоа со соопштение, оглас или јавна објава дека народски кажано некој треба да се јави како организатор.

Исто така деновиве дознаваме дека четворицата членови на комисијата за избор на најдобрите од три јавни гласила во општината уште кога го извршиле изборот реагирале дека минатогодишната манифестација во МКЦ била промашена па низ разговор посочиле дека изборот треба да се врати како и во претходните години. Но, за жал се остана како што ќе посакаат поединци.

Изјавата дека после направениот избор ќе има коктел во некој угостителски објект уште повеќе ја замрсија работата,

За да циркусот биде комплетен останува на свеченото прогласување наградите да ги подели Министерот за спорт на Македонија од причина што според нив сигурно Кочани нема заслужни и квалитетни личности

Но тие така посакаа и ја продолжија својата идеја во Кочани полека но сигурно да згаснуваат традициите кога спортот е во прашање.

Најпрвин пред повеќе од дванаесет години го сменија името  на „Осогово“ од Фудбалски клуб во Градски фудбалски куп не баре до тогаш до Јули 2013 годината „Осогово“ беше селски клуб. Во 2024 година не сакаа да организираат 100 години фудбал во Кочани. Во 2009, 2010 и 2011 имаше и тогаш вакви обиди за избор на Спортист на годината кога манифетсцијата се организира во просториите на ТВ Кочани, и во салата на МКЦ но ја увидоа својата грешка и се вратија на традицијата. Сега повторно.

За крај една препорака до организаторите, да не заборавите да почнете да ја негувате новата традиција што ја воспоставувате години наназад, а тоа е да пред секои избори ги посетувате спортските екипи и спортските терени, да ветувате многу а веднаш по изборите сé да заборавите.

Така вие одлучивте.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ