МЛАДИНЦИТЕ НА „ФУДБАЛ СТАРС“, ГЕНЕРАЦИЈА 2011/2012 ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ГО ЗАПОЧНАА СО ПОБЕДА

Во Спорт
март 2, 2026
1 минути

Започнаа натпреварите од пролетниот дел на првенството 2025/2026 во Регионалната Југоисточна Лига.

На фудбалскиот терен во Горни Подлог во рамките на 12-тото коло, генерација 2011/2012 се одигра Регионалниот дерби натпревар во кој екипата на „Фудбал Ста“ ја совладаа екипата на „Брегалница“ од Штип со резултат 3:2.

Головите за домаќините ги постигнаа Саше Герасимов (2) и Леон Стојков (1).

За одбележување е најубавиот момент на натпреварот кој се случи кога при резултат 2:2, најуспешниот млад спортист на Кочани според порталот www.komarec.com.mk Саше Герасимов со прекрасно изведен слободен удар ја заниша мрежата на гостите и донесе радост на домашната екипа.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ