ТРОЈЦА ИСКУСНИ ИГРАЧИ ПОТПИШАА ЗА „ОСОГОВО“

Во Спорт
февруари 9, 2022
1 минути

Во текот на денешниот ден второлигашот од Кочани „Осогово“ се засили со тројца нови играчи. Се работи за проверени и искусни играчи кои своето искуство го стекнуваа во повеќето клубови во и надвор од Македонија.

Александар Пановски – крилен напаѓач кој пред да дојде во „Осогово“ има настапувано и во „Вардар“ (Скопје), „Тетекс“ (Тетово), „Силекс“ (Кратово), „Слога 1934“ (Виница) и „Борец“ (Велес).

Сумер Хасан – штопер, претходни клубови: „Шкупи“ (Скопје), „Вардар“ (Форино), „Гостивар“.

Мусли Лика – напаѓач, „Шкупи“ (Скопје), „Кораби“ (Дебар), „Дрита“ (Боговиње), „Влазерими“ (Кичево),  и второлигашот „Влазнија“ (Косово).

Во клубот се надеваат дека со нивното ангажирање екипата ќе добие и во цврстината на одбраната но и во ефикасноста.

С. Ивановски