Во Сабота со почеток во 16:00 часот се играат натпреварите од 24-тото коло во Втора Фудбалска Лига.
Првопласираните четири екипи имаат тешки и неизвесни гостувања додека екипите кои се борат за зачувување на второлигашкиот статус ќе се борат за секој бод, за секој погодок.
Осогово кое грчевито се бори за опстанок во лигата во ова коло ќе и биде домаќин на младата но полетна екипа на Беласица. Љубителите на фудбалот во Кочани очекуваат интересен натпревар по кој се надеваат дека бодовите ќе останат во „градот а оризот“.
Двојки од 24-тото коло:
Осогово – Беласица
Вардар – Брегалница
Кожуф – Македонија ГП
Детонит Плачковица – Борец
Скопје – Аресими
Вардарски – Охрид
Каменица Саса – Башкими
Новаци – Победа.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ