ПРЕКИНАТА УСПЕШНАТА НИЗА НА „ОСОГОВО“

Во Спорт
март 7, 2026
1 минути

Се одиграа натпреварите од 19-тото коло во Втора Фудбалска Лига. Фаворитите за највисок пласман според очекувањата забележаа победи и ја продолжија „мртвата трка“ за првите три места на табелата.

По осум кола без пораз (5 во есенскиот дел и три во пролетниот дел) денес „жетварите“ беа сопрени во Скопје, Домаќинот „Скопје“ славеше со 2:0 (1:0) но победата ја извојува со многу мака со многу пролиена под бидејќи кочанчани беа добар партнер, цврст противник кој знаеше што сака на ова гостување. Домаќините поведоа во 45’ а стрелец на погодокот беше Симеон Христов. По една нафрлена топка од десната страна Христов им избега на своите чувари и биеше со глава, топката најпрвин удри на теренот и се одби во левиот горен агол од гостинскиот гол. Во второто полувреме се водеше изедначена битка а домаќините стравот од евентуален примен гол ги напушти во 83’ кога ново влезениот Тео Мировски по изведениот корнер од десната страна од 5-6 метри биеше со глава и по втор пат го матираше Ѓорѓи Јованоски.

„Брегалница“ без поголеми напори славеше во Новаци, исто како и „Тетекс“ во Виница односно „Кожуф“ во Ресен. Четвртата победа гостите ја извојуваа во Радовиш каде по доста неискористени шанси на домаќините на крајот славеше „Беласица’.

„Охрид“ ја посрамоти екипата на „Победа“, а „рударите“ во Македонска Каменица со доста напори ја совладаа екипата на „Вардар“ – Неготино

Резултати од 19-тото коло:

Скопје – Осогово  2:0

Слога 1934 – Тетекс  0:3

Детонит Плачковица – Беласица  0:1

Големо Коњари – Шкендија (А)  (Натпреварот се игра во недела)

Охрид – Победа  10:0

Преспа – Кожуф  1:3

Каменица Саса (Вардар (Н)  1:0

Новаци – Брегалница  1:3

Во следното коло „Осогово“ ја пречекува екипата на „Големо Коњари“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ