„ВАРДАРСКИ“ И „ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО“ ДОБРО ГО ЗАПОЧНАА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ВО ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК

Во Спорт
март 5, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 12-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток. На програмата беа четири натпревар, еден натпревар е одложен! А еден не се играше бидејќи една од екипите ја напушти лигата.

Силен старт имаа екипите на „Вардарски“ и „Дојранско Езеро“ кои со една прекрасна игра ги декласираа своите противници „Тиверија“, односно „Рудар“. „Овче Поле“ сигурен на гостувањето а во Берово домаќините со минимален резултат славеа против „Карбинци“. Како што пред малку добивме информација од седиштето на Трета Фудбалска Лига – Исток натпреварот „Брегалница сениори“ – „Академија Чешиново-Облешево“ е одложен бидејќи Делчевци најавиле дека во текот на утрешниот ден ќе ја уплатат котизацијата.

„Осогово“ беше слободно во ова коло откако неговиот противник „Победа“ (Валандово) го откажа понатамошното натпреварување.

Резултати од 12-тото коло:

„Спартмани“ – „Овче Поле“  1:3

„Дојранско Езеро“ – „Рудар“  5:0

„Тиверија“ – „Вардарски“  0:3

„Малеш“ – „Карбинци“  1:0

С.  Ивановски