Како што неофицијално дознаваме во тешка сообраќајна несреќа што днес после 13 часот се случила на патниот правец Кочани-Виница во близина на компанијата „Рото М“, едно лице го загубило животот а тројца се повредени. Повредените се донесени во Општа болница со проширена дејност – Кочани каде беа извршени снимки на повредите.
Судирот е на две патнички возила „Мазда“ и „Фолксваген Поло“. На лице место е интервенирано со противпожарни возила и со возило на Првата помош. Мобилни екипи ги испитуваат причините за оваа несреќа
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
