И после три месеци од воведувањето на новиот сообраќаен режим во Кочани, негативните коментари од ичесниците во сообраќајот не стивнуваат.
Меѓу поголемиот број на забелешки некако најприсутно е поврзувањето на улицата „Кеј на Револуцијата“ со улицата „Димитар Влахов“. Имено за да поминеш од „Кеј на Револуцијата“ на „Димитар Влахов“ и крајната дестинација ти е стариот влез кон Општа болница ќе треба да вртиш дури на мостот кај Плоштадот со што се губи време и повеќе се троши гориво.
Возачите кои со нас контактираа деновиве имаат предлог да мостот кај „Шопинг центарот“ освен да користи возилата да од „Кеј на Револуцијата“ продолжат по „Маршал Тито“ кон јужниот дел, истиот да се користи за возилата да можат да минуваат и во прасец кон „Димитар Влахов“, поточно улицата која ги поврзува „Димитар Влахов“ и „Маршал Тито“ кај „Шопинг центарот“ да се користи во двата правци.
Со тоа многу нешта би се олесниле, барем така тврдат возачите.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
