КОГА ЖИТЕЛ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЌЕ СЕ РАЗОЧАРА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Наш читател ни испрати писмо кое без да имаме наш коментар, онака како што е  напишано  во целост им го пренесуваме на читателите.

„Почитувани, се надевам дека ова мое писание ќе го објавите. Писанието е за  нашиот надпартиски градоначалник кој беше еден од учесниците на осумнајстио конгрес на ВМРО ДПМНЕ кој во декември се одржа во Кавадарци. Господинот градоначалник инаку добар лекар за неполна половина година покажа дека се изгуби на таа функција или пак така некој му рекол да се однаса. Сакам да го прашам како не го е жал да ги гледа родителите на починатите деца  како просат за да изградат Патека на бесконечноста. Пари не се лесно собират преку манифестации, колку луѓе ќе идат на тие манифестации и колку пари ќе соберат. Ако е истина дека оваа година од буџетот избрал два медиума во градот што ќе ѓи финансира тогај треба  од буџетот да најде пари и за да се изгради таа Патека на бесконечноста. Друго што сакам да го прашам како не ги биде и него и неговиот тим срам за доделувањето на признанијата по повод една година од трагедијата. Убаво си се он слика со премиеро, со претседателката, со странски амбасадори ама не е убаво што даде признанија на некого кој ништо не допринесе повеќе од некои приватни лица во Кочани. Тие што помагаа највеќе ги забрави. Аледар кој даде столови и чадори и ги остави после на болницата, Маркет кај Тоше непрестано тој ден а и за износите донираше вода, овошје, храна, сокови, Звонко и Ничка од Центробизнис освен вода газирана и негазирана донираа 40 до 50 ќебиња за болницата, Игор Христов обезбеди 15 ќебиња, исламската заедница за сите пациенти во болницата обезбеди сендвичи и овошје, пекари Младост, Тасеви донираа храна, а Боки пијалаци, Благој Механџиски со аптеките Зегин работеше нон стоп а и што веќе не донираа за болницата. Другите што не ми текнува у моментот нека извинат. За крај ќе ги спомнам децата од Супорто оти за нив изгледа имаше забрана да бидат ставени у програмата, ама у саботата кога некои родители кои имале од нив помош разбрале па со коментари по фејсбук ги растргнаа и него и неговите советници од општината па сајак неќел мораше да ги поканат за да на самиот крај колку да се рече дека мислат на нив им подадоа едно парче хартија. Чудам му се градоначалникот како толку ниско падна за кратко време и изгуби се на оваа функција. Со програмата направи утка ама со Патека на бесконечноста не смее да ја утне работата. Ако нема срам и тоа нека го направе. Толку за сега па кога ќе соберам друг матерјал ако ми дозволат од овој медиум пак ќе објавам нешто. До тогаш фала и пријатно“

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ