ЦРВЕН КРСТ – КОЧАНИ: МАРТОВСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА, СОБРАНИ 46 КРВНИ ЕДИНИЦИ

март 26, 2026
1 минути

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната мартовска крводарителска акција.

На акцијата крв даруваа 46  крводарители од кои 10 млади лица.

 

Акцијата е четврта што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.

Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница.

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ