Почитувани,
на 09.04.1956 година е основано Нижото музичко училиште „Стеван Мокрањац“, а денес Општинско основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ Кочани.
По тој повод, на 02.04.2026 година, во 18.00 часот, во салата на НУЦК „Бели Мугри“ Кочани ќе реализираме Ревијален концерт на музичките училишта од државата. Покрај учениците од нашето училиште, ќе настапат и ученици од Штип, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Струмица, Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово, Куманово и Велес.
Ревијалниот концерт ќе биде со хуманитарен карактер. Влезниците по цена од 200 денари ќе се продаваат на влезот на салата, пред почетокот на коцертот од 17:оо часот, со можност за донирање на повеќе средства.
Собраните средства ќе бидат донирани на Здружението 16 ти Март 2025.
Ве очекуваме

ОМУ „Ристо Јуруков“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
